еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Пратениците да ги одложат патувањата за Собранието непречено да работи, порача Џафери и се закани со иницијатива за распуштање

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска по 79. собраниска седницата, која ја прекина поради немање кворум, одржа средба со дел од лидерите на политичките партии од владејачкото мнозинство.

На средбата, како што соопшти собраниската прес-служба, Џафери истакнал дека сите пратеници во Собранието се еднакви и ги претставуваат граѓаните кои ги избрале и им дале мандат.

– Со ваквото однесување се покажува дека за одредени пратеници, приоритет е нешто друго, а не практикување на мандатот којшто им е доверен од граѓаните, рече Џафери.

Тој кажал дека е секогаш подготвен седниците да ги започне на време, доколку пратениците се присутни во сала. Нагласил и дека доколку има какви било разлики во одредени ставови внатре во коалицијата, истите треба да се решат на друго ниво, не во пленарната сала.

Дополнително, Џафери нагласил и дека согласно Одлуката на претседателството, се наложува да се одложат и откажат сите службени и не неопходни приватни патувања на пратениците во текот на месец јули со цел непречено работење на Собранието.

На денешната 79. седница на Собранието свикана за во 11 часот, на списокот за присутни пратеници беа потпишани 85 пратеници, а во салата беа присутни 58 пратеници.

Собранискиот спикер Џафери од пленарната сала ги повика пратениците да влезат во сала, за да може пленумот да продолжи со работа, при што, поради немање кворум, мораше да ја прекине седницата и ги повика сите лидери на политичките партии од владејачкото мнозинство на средба во неговиот кабинет.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фетаи до Груевски: „Многу сте Вие расположени со оглед дека ви се ближи времето“.

Редакција

Комерцијална банка планира добивка од 31 милион евра и помал број на вработени во 2020 година

Редакција

Тримесечното бебе починало од крварање во главата: Скопјанец до смрт го претепал синот

Редакција