еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Препораки во пресрет на празниците: Храна и пијалоци во умерени количини, без пиротехника и оружје

Умерено да се консумира храна и алкохолни пијалоци, за да нема алкохолни труења, тепачки и сообраќајни незгоди, хронично болните редовно да ја земаат терапијата, препорачуваат од Службата за Итна медицинска помош и од Универзитетската клиника за токсикологија во пресрет на Новата година и божиќните празници.

Раководителот на Службата за Итна медицинска помош, Милица Бубало за МИА изјави дека граѓаните не треба да консумираат многу алкохол и треба да се воздржат од користење пиротехнички средства и оружје.

Таа посочи дека граѓаните треба да внесуваат умерени количини храна и да внимаваат при внесување мрсна храна поради можност да се јави дијареја.

– Алкохолни труења може да се случат и кај децата на возраст под 18 години. Тие не треба да консумираат алкохол. Продавниците не треба да продаваат алкохол и цигари на деца под 18 години.

За жал некаде и родителите им купуваат алкохол на децата. Порано немаше, но сега во продавниците има и безалкохолен шампањ, рече Бубало.

Таа посочи дека Службата за ИМП работи 24 часа, а во текот на новогодишните празници ќе работат и дежурните албуланти.

– Од утревечер од 19:30 до понеделник до 7:30 ќе работат дежурните служби, амбулантите во рамки на здравствените домови односно што се под ингеренции на Службата за ИМП. Има седум дежурни амбуланти при поликлиниките „Бит Пазар“, „Ченто“, „Драчево“, „Јане Сандански“, „Ѓорче Петров“, „Чаир“, „Шуто Оризари“.

Во рамки на Службата за ИМП е и домашната посета и таа ќе работи нормално како и секој викенд, додаде Бубало.

Директорот на Клиниката за токсикологија, Ридван Бајрами за МИА изјави дека се надева оти граѓаните нема да претеруваат со внес на храна и алкохолни пијалаци.

– Минатата година бевме одлични во врска со интоксикации за новогодишната ноќ и за време на божикните празници. Бројот на пациенти беше релативно минимален споредено со другите години.

Се надевам дека и годинава ќе биде така и дека ќе се почитуваат и мерките на претпазливост од Ковид-19 кои вклучуваат и дистанца, додаде Бајрами.

МИА/Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зголемена смртноста во Македонија: Лани починале 20.446 лица, од нив 112 доенчиња

Редакција

Општина Куманово вработува 12 лица, плата до 37.626 денари

Редакција

Премиерот прво чека информации за долгот, па можно е да се сретне со превозниците во Скопје

Редакција