еМагазин
Image default
Македонија

Пресудата во четврток: СЈО бара судот да го осуди Латас и на него и неговите браќа да им се одземат викендиците

Во завршните зборови за случајот на Специјалното јавно обвинителство (СЈО), “Тревник“, од СЈО побараа судот да ги прогласи за виновни новинарот Драган Павловиќ Латас и неговите браќа Сраѓан и Звездан Павловиќ за делото бесправно градење и да им ги одземе викендиците во Зелениково.

Од СЈО посочија дека обвинетите започнале со градба на викендиците многу порано пред да ги имаат одобренијата за градење и работите за градба на истите, изведувачот ги имал завршено во најголем дел уште во декември 2012 година.

Според СЈО, обвинетите ги извршиле кривичните дела со умисла, бидејќи биле свесни дека ги градат трите викендици во Зелениково без одобренија за градење, биле свесни за забранетоста на таквите дејствија и дека биле свесни дека викендиците можат да им бидат срушени затоа што ги граделе бесправно, но сепак продолжиле со градење на истите.

Адвокатите на браќата Павловиќ пак оспорија дел од доказите на СЈО кои ги презентираа во текот на постапката.

Ако Латас биде осуден се соочува со можна парична казна или затвор до една година.

Пресудата за овој случај се очекува во четврток.

Што пишува во обвинението за „Тревник“

Според обвинението на СЈО, обвинетите изградиле три викенд куќи во Општина Зелениково без да имаат право на ваква градба, односно градење без одобрение за градење. Латас изградил викендичка од 317 квадратни метри, а неговите браќа викендички со квадратура од 130, односно 104 квадратни метри.

Во прибавените докази на СЈО, меѓу кои и сателитски снимки, вештачење, како и останата документација, овие три викенд куќи биле започнати со градење во 2011 година, а одобрение за нивно градење од општината е добиено во 2013 година кога веќе биле и завршени.

Фото: ТВ Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пред седницата во петок, од ВМРО-ДПМНЕ уште еднаш повторија дека нема уставни измени под бугарски диктат

Редакција

По сајтовите на Дуа Липа и Рита Ора, македонските „Анонимуси“ ги хакнаа и министерствата за здравство и образование

Редакција

Што пишува во декларацијата на ВМРО-ДПМНЕ за Гоце Делчев

Редакција