еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Претпладне облачно време, попладне со сончеви периоди

Најстудено, со 4 степени под нула, утрово е на Попова Шапка, а минусни температури во 7 часот се измерени и во Маврови Анови (-2) и во Дебар (-1).

Како што информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), нула степени се измерени во Крушево и Берово, 1 степен во Охрид и Претор, 2 во Крива Паланка, Тетово, Битола и Прилеп, 3 степени во Скопје – Петровец, Штип, Куманово и Виница, 4 во Скопје – Зајчев Рид, Струмица и Демир Капија, 7 степени во Гевгелија и 8 во Дојран.

Најмногу снег, 30 сантиметри, утрово има во Маврови Анови, 22 на Попова Шапка, 9 во Пожаране и 2 сантиметра во Ѓуриште.

Времето утрово е претежно облачно, со слаб локален дожд. Прeтпладне ќе биде облачно со локален слаб дожд, попладне ќе има сончеви периоди, а кон крајот на денот и во текот на ноќта слаб локален дожд ќе има во западните делови. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Максималната температура ќе достигне од 5 до 12 степени.

Во Скопје променливо облачно време, претпладне со услови за повремен слаб дожд, а попладне со сончеви периоди. Максималната температура ќе достигне 9 степени.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Делегација на МПЦ-ОА ќе оди на на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти

Редакција

Децата во Македонија дневно на интернет од два до девет часа

Редакција

Промена на времето, утринската температура ќе се спушти до нула

Редакција