еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Времето денеска претпладне променливо облачно со сончеви периоди, попладне со дожд и локално невреме

Времето денеска претпладне ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, а попладне прво во западните, а во вечерните и ноќните часови и во останатите подрачја на земјава ќе биде облачно со повремен дожд.

Наместа врнежите ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи и засилен до силен ветер. Локално ќе има услови за појава на невреме.

Максималната температура ќе биде во интервал од 22 до 28 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно, а во вечерните и ноќните часови облачно со повремен дожд. Во делови од Скопската котлина врнежите повремено ќе бидат поројни и пообилни, проследени со грмежи, засилен до силен ветер, а ќе има и услови за појава на краткотрајно невреме. Максилната температура ќе достигне до 23 степени.

Утре и во првите денови од следната недела ќе преовладува претежно стабилно време. Ќе дува засилен до силен северен ветер и температурите постепено ќе опаѓаат.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Tопло време со поројни дождови за продолжениот викенд

Редакција

(ВИДЕО) Како правилно да ги употребувате и симнете маските и ракавиците

Редакција

VIVAX топлински пумпи – Дигитализација на целиот систем за ладење и греење на секое домаќинство

Редакција