еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска претпладне сончево, попладне локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец кој вдолж Повардарието ќе засилува.

Попладне и кон крајот на денот претежно во северните делови ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи, засилен ветер, краткотрајно и во вид на изолирано невреме. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени. УВ индексот ќе изнесува 8.

Во Скопје сончево времето ќе биде со мала до умерена облачност, од пладневните часови краткотрајно ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне 29 степен.

Според Управата за хидрометеоролошки работи, во четврток ќе дува повремено засилен северен ветер, што ќе услови температурата да се намали за неколку степени, а попладне претежно на запад ќе има појава на повремен пороен дожд и ретки грмежи.

Од петок температурата повторно ќе биде во постепен пораст.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За една недела во Тетово од Ковид-19 починале четворица членови од исто семејство, имале наследни болести и слаба генетика

Редакција

(Фото) Кои се хероите кои деноноќно работат и изработуваат тестови за корона вирусот

Редакција

Не Ви го честитамe 8. Март: Во повеќе од 34 општини нема ниту еден гинеколог

Редакција