еМагазин
Image default
ЖИВОТ

Денеска претпладне сончево време, попладне со услови за пороен дожд

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Од пладневните часови облачноста ќе се зголеми и на места ќе има појава на краткотраен дожд, појава на грмежи и засилување на ветерот. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб променлив ветер. Од пладневните часови ќе има услови за нестабилност со појава на пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне 21 степен.

До средината на следнава недела времето ќе биде променливо облачно, до вторник во попладневните, а во среда претежно претпладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. На места процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме.

Од среда ќе започне да дува умерен до засилен северен ветер што најпрвин ќе ги намали дневните температури за неколку степени, а посвежо ќе биде и во четврток и петок наутро.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Без симптоми 32,7% од заболените со Ковид-19 во Македонија

Редакција

Како пензиониран доктор од Теарце му го спаси животот на лице кое паднало од бандера

Редакција

За една недела 23 лица повторно се заразиле со Ковид-19

Редакција