еМагазин
Image default
Македонија

Претседателот на Кривичен, Џолев: За домашниот притвор на Мијалков судот одлучуваше во најбрз можен рок

Предлогот за притвор на Сашо Мијалков стигна во Судот во неделата во 15 часот, а одлуката е изготвена во 18:30 часот. Тоа се сè на се три и пол часа, така што Судот постапи апсолутно ажурно, изјави претседателот на Основниот кривичен суд Скопје, Иван Џолев денеска во Штип.

Тој појасни дека Кривичниот суд согласно законските одредби има рок да постапува по предлог за 24 часа и дека можел да одлучува и во понеделник до 15 часот. Меѓутоа, како што додаде, сметале дека треба итно да се постапи, веднаш и така е постапено.

-Предлогот за притвор во Судот стигна во недела во 15 часот, а одлуката е донесена во 18:30 часот.

Сите познавачи на судството во Македонија ќе ви кажат дека Судот одлучувал во најбрз можен временски период.

Согласно законските одредби рокот е 24 часа, што значи судот можел да одлучува до понеделник до 15 часот, но сметавме дека е итно да се постапи и така е постапено, рече Џолев одговарајќи на новинарско прашање зошто се чекало толку време за Судот да издаде решение за домашен притвор на Мијалков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што се е обвинет Мијалков, освен за прислушувањето?

„Болен бев наставничке“: Урнебесни твитер реакции за „враќањето“ на Мијалков

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

За два стана и автомобил вреден 18 илјади евра директорот на Инспекторатот за градежништво нема доказ за потекло на имот

Редакција

Бундестагот ќе донесе резолуција за поддршка на членството на Македонија во ЕУ и потврда на македонскиот јазик и идентитет

Редакција

„Циркус“ на јавната расправа за законот за ЈО, ЕУ бара да донесе пред распуштањето на Собранието

Редакција