еМагазин
Image default
Локално

Прилепчанец „продолжил да работи“ како администратор и откако си заминал од фирмата

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп поднесе кривична пријава против Ж.Г.(51) од Прилеп поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела, оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“ и ,,оддавање и неовластено прибавување деловна тајна“, информира МВР.

Во периодот од јули 2018 до август 2018 година пријавениот, по завршувањето на работниот однос во правно лице од Прилеп, како администратор на компјутерскиот систем, искористувајќи ја приликата што наведеното правно лице не презело активности за промена на корисничките имиња и пасворди за пристап кон компјутерскиот систем, континуирано, од неговиот персонален компјутер, користејќи програма за мрежно поврзување и контролирање на друг компјутер, неовластено пристапувал кон компјутерскиот систем на правното лице, при што во повеќе наврати времено го оневозможил користењето и употребата на компјутерскиот систем.

При тоа, пријавениот ја следел деловната коресподенција на вработените и прибавувал класифицирани документи во електронска форма, кои потоа преку електронска пошта, ги праќал до сопственикот на друго правно лице од Прилеп.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тешко повреден скопјанец по пад во автобус на ЈСП

Редакција

За помалку од една недела уште еден пешак усмртен на скопските улици

Редакција

Со „Опел астра“ удрил во 11-годишно девојче во Скопје

Редакција