На 31.03.2019 во 14.20 часот на крстосница од улиците „Војводинска“ и „Ладо Ланецот“ во Прилеп, патничко возило „Фиат добло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Ѓ.(49) од Прилеп удрило во осумгодишно дете од Прилеп, информира МВР.
Детето се здобило со тешки телесни повреди и било пренесено во Градската болница-Прилеп каде му била укажана лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Прилеп.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.