Во Македонија утрово пристигнаа 20.000 вакцини на „АстраЗенека“, донација од Република Хрватска, информираат од Министерството за здравство (МЗ).
Ова е втора донација на вакцини „АстраЗенека“ од хрватската Влада. На почетокот од месец јули, донација од 10.000 вакцини, донесе министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман.
Од МЗ информираат дека вакцините веќе од следната недела ќе бидат дистрибуирани по вакциналните пунктови низ земјата.
Фото: МЗ
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.