еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Пристигнаа евакуираните македонски граѓани од Израел

Македонските државјани кои беа евакуирани од Израел пристигнаа денеска со бесплатен авионски превоз на Меѓународниот аеродром во Скопје.

Авионскиот превоз со чартер лет, на релација Тел Авив – Скопје, беше организиран согласно одлуката донесена од страна на Владата, заради евакуација на сите државјани на Македонија кои сакаа да го напуштат Израел и кои побарале да се вратат во Македонија.

Како што соопштија вчера од Владата, во услови на целосно откажани летови и блокиран авио-транспорт со Израел, предизвикот за организирање на овој чартер лет е надминат преку соработка со „Air Serbia“, а трошоците за летот ќе бидат покриени од Буџетот.

Во насока на ефикасна организација на авионскиот превоз, Министерството за надворешни работи, преку Дипломатско-конзуларното претставништво – Тел Авив обезбеди список и информации за македонските државјани кои се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Македонија.

Амбасадата во Тел Авив, од самиот почеток на кризата е во контакт со државјаните на Македонија, а дел од граѓаните кои се затекнаа во Израел, веќе се вратени во земјата меѓу другото и со специјални летови на пријателските држави на Македонија, информираа од Владата.

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, вчера на прес-конференција информира дека од Израел досега се вратени 60 македонски државјани, од вкупно 150 кои побарале помош, а за денеска, како што кажа, се очекува да бидат вратени уште 90 граѓани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Македонка евакуирана од Израел: Бевме давеници кои чекавме сламка за спас

МИА/Фото: ТАВ Македонија/видео: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец ја претепал бремената сопруга, бебето починало

Редакција

(Вознемирувачки видеа) Хамас уби над 260 млади на транс фестивал во Израел

Редакција

Во Македонија пристигнуваат двесте терминали за читање отпечатоци од прсти

Редакција