еМагазин
Image default
Локално

Притвор за дилерот во чијшто „Хамер“ беа пронајдени 100 пакувања кокаин

Судија во претходна постапка од Основниот суд во Тетово му одреди мерка притвор на 31-годишниот жител на тетовски Порој кој вчера беше уапсен, а кај него беа најдени над 100 пакувања кокаин и марихуана.

„А.Б (31) од Порој по лишувањето од слобода е задржан во Полициската станица Тетово, неговото возило е одземено за вештачење. По целосно документирање на случајот и изготвени соодветни поднесоци изведен е пред судија во претходна постапка кој одреди 30 дена притвор“, информираат од СВР Тетово.

Приведениот беше најден на паркинг на фирма во Порој, а при тоа се однесувал агресивно и физички ги нападнал полициските службеници.  Во неговото возило марка „Хамер“ биле пронајдени 100 пакувања различна големина кокаин, девет пакувања марихуана, две дигитални ваги и два мобилни телефона.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Приведен дилер: Во неговиот „Хамер“ пронајдени 100 пакувања кокаин

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Скопјанец произведувал и дистрибуирал детска порнографија

Редакција

Затвореник дилал марихуана во штипскиот затвор

Редакција

Бегајќи од полицијата од „ауди“ исфрлил 53 килограми марихуана

Редакција