еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приватните превозници ги прекинаа блокадите, чекаат средба со премиерот

Протестите прекинуваат и после оваа прес-конференција автобусите се повлекуваат од блокадите. Ќе му се даде простор на дијалогот што го предложи премиерот Димитар Ковачевски, информира попладнево во изјава за медиумите Ленин Јовановски, директор на „Слобода превоз“.

Јовановски истакна дека овој е единствен став со кој што се сложиле сите приватни превозници, сепак да се даде шанса целиот овој проблем да не се решава на улица, туку институционално.

– Одлучивме овој проблем да не се решава на улица, туку институционално. Знаеме дека секогаш на маса се решаваат сите проблеми, меѓутоа некој треба да не собере на таа маса за да ги изложиме проблемите и да дадеме еден правец во кој што навистина соодветно и во законски рамки ќе се реши овој проблем, рече тој.

Одговарајќи на новинарско прашање, Јовановски потенцира дека не се во позиција да дадат услови и да зборуваат за некакви рокови за одржување на средбата со премиерот.

– Не сме во позиција да даваме услови и да зборуваме за некакви рокови. Сметаме дека премиерот брзо реагираше на барањата за средба, брзо реагираше на изјавите на претставникот на приватните превозници кога спомена радикализација.

Сметаме дека исто така брзо ќе најден начин да се сретне, како што рече, со било кого кој што нема да му врши притисок или да биде под некаква уцена. Мислам дека немаше таква ситуација, но еве го ослободуваме просторот за да нема такви размислувања, рече Јовановски.

Јовановски соопшти дека по прес-конференцијата ќе изготват ново барање коешто, како што рече, ќе биде во контекст на она што го кажа премиерот Димитар Ковачевски, каде што ќе ги исполниме сите негови сугестии. Тој очекува да бидат повикани на средба со премиерот.

– Предложивме она што го кажа премиерот да се испочитува. Денеска по овој прес сите автобуси што се на улица да се повлечат, за да му се овозможи простор на дијалогот што тој го предлага и што за нас е основа за средба на која што како што и самиот спомена ќе бидат презентирани сите аргументи, докази и факти за целава оваа состојба од која што и нему и на пошироката јавност после тие средби се надеваме дека како авторитети од висока институција ќе бидат пренесени во изворна форма на јавноста за таа да не се стави во заблуда, рече тој.

Јовановски истакна дека се прифаќа идејата тие како претставници на приватните превозници кои што располагаат со таа документација да ја презентираат на таа средба.

– Прифаќаме и инститираме на таа средба да има претставници и од Градот Скопје, но и од ЈСП каде пред него ќе ги соочиме аргументите со кои што располагаат сите три страни, за јавноста да биде посоодветна запознаена.

Во целост прифаќаме се што премиерот Ковачевски го кажа, бидејќи вистината е на наша страна и сметаме дека доколку постои таква институционална можност преку отворање на овој дијалог кој мора да биде интензивен и што побргу да се реши, рече Јовановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Премиерот подготвен за средба со приватните превозници, ама откако ќе ги деблокираат улиците во Скопје

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Тензијата меѓу Албанија и Грција расте: Тирана побара да се почитуваат нејзините институции по апсењето на грчки кандидат за градоначалник

Редакција

Трагедија во Сопиште: Во опожарена куќа изгоре неподвижен старец

Редакција

Нови 319 случаи на Ковид-19 од 2.720 тестови, 59 се реинфекции

Редакција