еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приватните превозници со блокада од 30 автобуси кај Мавровка, бараат да им се исплатат долговите

Приватните автобуски превозници „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ со блокада од околу 30 автобуси на раскрсницата кај Мавровка, односно булеварите „Гоце Делчев“ и „Крсте Петков Мисирков“, бараат да им бидат исплатени долговите за да можат да почнат повторно со работа.

Кемал Муриќ од Слобода превоз, во изјава за МИА, рече дека блокадата е резултат од неправилното работење на Јавното сообраќајно претпријатие којашто, како што кажа, дозволи да се натрупа долг во износ од скоро 2 милиона евра кон нив.

– После неуспешниот обид да оствариме средба со градоначалничката, да и ги изнесеме нашите проблеми и нашите аргументи, затоа што сметаме дека беше погрешно информирана, таа не најде за сходно да не прими, истакна Муриќ, кој додаде дека потоа не биле примени ниту од страна на ЈСП, изјави Муриќ.

Тој рече дека денеска се принудени да ја блокираат раскрсницата само за една цел, а тоа е да им бидат исплатени заработените средства и да бидат оставени да работат како што работеле до сега.

Прашан за најавата на градоначалничката Данела Арсовска, дека ќе се отвори повик за поединечно аплицирање за приватни автобуски линии, Муриќ одговори дека тоа се прави за разбивање на приватните превозници и тврдеше дека тоа нема да се случи.

Наводите за злоупотреби за непријавени билети, Муриќ ги оцени како невистинити.

– Тоа е само обид за одвлекување на вниманието од состојбата предизвикана директно со нивното неработење во складот на потпишаните договори и натрупување на долг од скоро два милиона евра, рече Муриќ и најави дека ова прашање ќе има судска завршница.

Исен Халили од приватниот превозник Макекспрес, истакна дека раскинувањето на договорот од страна на Град Скопје за нив е и дополнителен проблем.

– Како причина за тоа, како што се наведува, е дека одржувањето на линијата 19 е падната под 80 проценти, а директна причина за тоа е немањето на материјални средства, а не е некое неодговорно однесување, рече Халили.

Халили рече дека нивните барања се исто така да им се исплати долгот, но и да се повлече одлуката за укинување на договорот со Макекспрес.

За денеска е најавено дека Советот на Град Скопје ќе одржи вонредна седница за советнички прашање каде што се очекува да се донесе одлука за решавање на проблемот со приватните автобуски превозници.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Не сме далеку од решение со Бугарија, вели Заев во интервју за МИА

Редакција

Која е грчката фирма што се откажа од изградбата на хидроцентралата „Чебрен“

Редакција

Сите детали: „Синеплекс“ ги објави новите правила за гледање филм во кино

Редакција