еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Приведена Катица Јанева, претходно извршен претрес во нејзината куќа

Полицијата попладнево по налог Јавното обвинителство ја приведе специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Припадници на полицијата претходно извршија претрес во домот на Јанева во Скопје.

Според информации на МИА, наредната локација на која полицијата ќе врши претрес е канцеларија на Јанева во Специјалното јавно обвинителство (СЈО), по што ќе следи понатамошна судска постапка.

Јанева вчера беше на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал за случајот „Рекет“.

Во 14 часот е закажана прес-конференција во ЈОРМ на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, неговата заменичка Лилјана Спасовска и шефицата на Јавното обвинителство за организиран криминал, Вилма Русковска.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јанева се стекнала со имотна корист од 298.000 денари

(Фото) Јанева донесена во СЈО

Видео од приведувањето на Катица Јанева

Се приведува Катица Јанева?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сектори со највисоки нето плати во септември

Редакција

Се спојуваат ВИНЕР – Виена Иншуренс Груп и Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп

Редакција

Управниот одбор на ЗНМ едногласно утврди дека Чадиковски е легитимно избран за нов претседател

Редакција