еМагазин
Локално

Приведени девет танчерки во угостителски објект во Тетово

Во акциска контрола во угостителски објект во Тетово ноќеска околу полноќ биле затекнати девет женски лица на возраст од 22 до 44 години кои ги забавувале гостите (танчерки), од кои три биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири наши државјанки.

Акциската контрола која ја спровеле инспектори од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје и униформирани полициски службеници.

– На 10/11.07.2021 година во времето од 23:50 до 01:00 часот, а по претходно изготвен план, од страна на инспектори од ОНТДО и УПС од ПС-Тетово извршена е акциска контрола  во угостителски објект во Тетово, во сопственост на А.Б. (44) од Тетово.

При тоа затекнати се девет женски лица кои ги забавувале гостите (танчерки), од кои три биле руски државјанки, по една од Украина и соседна Албанија, и четири државјанки на РСМ, информираат од МВР.

Лицата се лишени од слобода и задржани во СВР-Тетово за понатамошна постапка.

Фото: Photo by niu niu on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Планински спасител пронашол безживотно тело во близина на охридското село Горно Коњско

Редакција

Гори нискостеблеста шума во липковско и кумановско на тешко пристапен терен

Редакција

Приведен Азербејџанец баран од Интерпол

Редакција