еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Приведени двајца млади скопјани кои со возило удриле полицаец и побегнале

На 26.09.2020 во Скопје, полициски службеници ги лишиле од слобода А.Д.(19) и К.М.(21), двајцата од Скопје, затоа што околу 01.00 часот на бул.„Борис Трајковски“ со возило „цитроен берлинго“, кое го управувал А.Д., а сопатник бил К.М., удриле и повредиле полициски службеник кој извршувал службени дејствија во областа на сообраќајот (мерење со радар), по што побегнале од местото, информира МВР.

По преземени мерки тие биле пронајдени и приведени во полициска станица. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Повредениот полициски службеник бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош. Увид извршила екипа од СВР Скопје.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Денеска гласаат 716 лица со Ковид-19 и во самоизолација, утре 8.852 болни, немоќни и хронично болни

Редакција

(Видео) „57 билети за смрт“: Илјадници ученици и студенти во Атина и Лариса протестираа за железничката несреќа

Редакција

Израелската армија тврди дека Хамас држи 126 заложници

Редакција