еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за обвинетите за протестот за пресудата за „Монструм”

Во Кривичниот суд Скопје денеска продолжи рочиштето против обвинетите Фабион Идризи и Артон Садики, осомничени дека на 26 февруари учествувале во протест против пресудата за случајот „Монструм“.

По предлог на одбраната денеска е предвидено да бидат сослушани сведоци.

Судењето за овој предмет го води судијата Марин Станевски, а како застапник на обвинението е обвинителката Марија Демирова-Панајотова.

Претходно три лица беа осудени со по една години затвор за сторено кривично дело учество во насилна толпа, а едно лице со осум месеци казна затвор.

На протестите на 26 февруари беа повредени 11 полициски службеници и еден новинар. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анкета на Рејтинг: За Пендаровски 38,3 за Силјановска 33,2, за Река 12,6 %

Редакција

До сега попишани вкупно 871.488 лица, 272.177 домаќинства и 368.595 станови

Редакција

МВР пуштило повеќе ленти на границата Табановце на барање на Стопанска комора, чии членови се вакцинираат во Ниш

Редакција