еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за смртта на малата Тамара

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за дванаесеттемина обвинети во предметот за смртта на малата Тамара Димовска од Велес.

На минатото рочиште откако беше прочитано обвинението, обвинетите се изјаснија дека не се чувствуваат виновни.

За овој предмет, според соопштението од ОЈО Скопје, обвинети се членовите на Првостепената и на Второстепената комисија, кои го донеле односно го потврдиле негативното решение за лекување на Тамара во странство, како и двата тогашни директори на Фондот за здравствено осигурување и претседателот на Управниот одбор на ФЗОМ.

Малата Тамара Димовска во 2015 година почина чекајќи операција на рбетот во странство.

Првостепената лекарска комисија за одлучување по правото на лекување во странство, се наведува во обвинителниот акт, го донела првичното негативно мислење за лекувањето на Тамара Димовска.

Комисијата, спротивно на Стручниот конзилиум на Универзитетската клиника ТОАРИЛУЦ, а по истекот на законски предвидениот рок донела мислење дека не се исцрпени можностите за лекување на пациентот во Македонија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Обвинителството отвори предмет по допрен глас за „спорните“ вакцини

Редакција

Канческа Милевска за исклучувањето од ВМРО-ДПМНЕ: Одлуката е избрзана и „истресена од ракав“

Редакција

Обвинителката Русковска од здравствени причини го напушти рочиштето за насилството во Собрание

Редакција