еМагазин
Image default
Македонија

Нови рочишта за „Титаник“ и „Тврдина 2“ на СЈО

Во Кривичниот суд во Скопје денеска треба да се одржат рочишта за предметите „Тврдина 2“ и „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство.

Во случајот „Тврдина 2“, првообвинет е екс-началникот на Петтата управа, Горан Грујовски, и шест вработени во УБК. На обвинетите им се суди за фалсификување службена исправа и за уништување службена документација поврзано со незаконското прислушување. Документацијата е поврзана со двата система од нелегалното прислушување, кои соред СЈО, биле уништени во текот на 2014 година.

Рочиштето за предметот „Титаник” за изборни нерегуларности треба да продолжи со читање на СМС пораките од комуникацијата на обвинетите од доказниот материјал на Специјалното јавно обвинтелство.

Во „Титаник“ обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, како и Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристовски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашајковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев и Ахмети на „чекор до договор“ за формирање на Влада

Редакција

МНР ќе испрати протесна нота: Бугарскиот европратеник Џамбаски ги навреди граѓаните на Македонија, вели словенечката министерка Фајон

Редакција

Од денеска, Ковид-19 решенијата за изолација во електронска форма преку Вакцинација.мк

Редакција