еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР ќе испрати протесна нота: Бугарскиот европратеник Џамбаски ги навреди граѓаните на Македонија, вели словенечката министерка Фајон

Секоја провокативна, неприфатлива и навредлива изјава бара реакција. Министерот ја кажа реакцијата со вербална нота, јас тоа го поддржувам и во слична ситуација би реагирала и јас исто, изјави денеска во Скопје словенечката вицепремиерка и министерка за надворешни работи Тања Фајон на заедничката прес-конференција со нејзиниот домаќин, шефот на дипломатијата Бујар Османи во врска со најновата провокативна изјава на бугарскиот европратеник Ангел Џамбаски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бугарскиот европратеник Џамбаски пред картата на голема Бугарија порача дека Бугарите одлучуваат кои се Македонците

–Министерот Османи утрово ме извести и за овој немил настан на Џамбаски. Се надевам дека денеска ќе испрати дипломатска нота. Станува збор за навреда кон граѓаните на РС Македонија и јас бев сведок и ги осудував неговите активности и изјави.

Сите тие провокации во период кога државите обезбедуваат една позитивна средина во вакви услови, ги повикувам сите пријатели во соседна Бугарија да се воздржат од несоодветни коментари кои внесуваат раздор, нерасположение и конфликти помеѓу населението, рече Фајон на новинарско прашање како го оценува ваквото однесување на Џамбаски кој се обрати пред карта на голема Бугарија и упати навреди кон премиерот Димитар Ковачевски и кон македонскиот народ и дали може Европскиот парламент да направи нешто во врска со ова, бидејќи не се случува првпат.

Министерот Османи најави дека Скопје денеска ќе реагира со нота до официјална Софија по повод изјавата на Џамбаски и очекува реакција и од бугарските власти.

-Ние денеска ќе реагираме со нота по однос на изјавата на европратеникот како говор на омраза којшто според сите и меѓународни и билатерални договори коишто ги имаме со ЕУ е основа за да се реагира и причина да се реагира.

И мислам дека навистина иако се обидувавме во овој период да го игнорираме затоа што целта на европратеникот е да ги искористи тие реакции за себепромоција, меѓутоа, овој пат навистина ги надмина сите граници на провокација и тука мора да реагира и бугарската држава и сите, бидејќи тоа се веќе територијални претензии и навредлив говор кон народ, кон етнички заедници и тоа сигурно нема да го премолчиме, рече Османи на новинарско прашање.

Во однос на словенечкото искуство со пристапните преговори со ЕУ, Фајон нагласи дека постоел надпартиски консезус на оваа тема, а тоа и е потребно и на земјава.

-Се согласувам со овој заклучок. Прашањето за членство во ЕУ во периодот кога Словенија влегуваше во ЕУ беше тема која не спојуваше, ја спојуваше владата, опозицијата, луѓето.

Очекувам дека и во С Македонија ќе биде така. Треба да се концентрираме на исполнување на условите, пред се, на промената на Уставот. Тоа е нешто што може да се реализира.

Затоа ги повикувам сите политички сили да го подржат патот на единството, одговорноста и посакуваме до промена на Уставот да дојде согласно временската рамка, тоа значи да може да се продолжат преговорите без да се доцни до крајот на скринингот на законодавството.

Шефот на дипломатијата, пак, подвлече дека доколку сакаме 2030 година да станеме членка на ЕУ,  власта и опозицијата мора да си подадат рака, а политичките партии треба оваа тема да ја тргнат од дневно – политички препукувања.

-Нам ни треба нов рамковен договор за ЕУ во којшто партиите од која било страна на политичката сцена ќе склучат договори дека ќе се поддржуваме за прашања коишто се однесуваат за ЕУ. Зошто?

Има погрешна перцепција дека ние ќе преговараме со Унијата, ние не преговараме со Унијата.

Директивите и регулативите на ЕУ вие мора да ги прифатите, така што независно кој е на власт – дали десничарска партија, левичарска партија, не може да преговара за некои директиви регулативи на ЕУ.

Прашањето на преговори е внатре во државата кога ќе сме спремни да ги прифатиме тие директиви. Тоа се преговорите. Преговорите се внатре. Бидејќи нема разлика во преговорите и во целите тогаш зошто треба да има разлики во пристапот помеѓу различните политички партии, рече Османи.

Тој уште еднаш упати повик да се искористи оваа шанса и 19 јули како историски момент на нашиот европски пат да седнат партиските лидери да склучат меморандум, договор дека ќе се помагаат за прашања на ЕУ независно кој е на власт.

-Преговорите ќе ги надминат политичките мандати на една политичка партија. Ви гарантирам дека до 2030 година ќе има неколку влади од различни политички провиненции. Не смееме, мораме да ја поделиме и одговорноста и заслугите за овој процес. Мора граѓаните и државата да бидат победници од овој процес.

Еве повик уште еднаш како министер за надворешни работи дека времето е сега и секој еден ден губење во постигнување на овој договор ќе биде еден ден одложување во постигнување на крајната цел, а тоа е членство во ЕУ. Нема друг начин освен подавање рака дека оваа тема е надпартиска тема, ова е највисок државен и национален интерес и тука разлики не смееме да имаме, подвлече Османи.

Во контекст на тоа што очекува од опозициските партии за апелот, шефот на дипломатијата нагласи дека од Левица не ги зема предвид, бидејќи, вели, тие се структура во функција на руската пропаганда, но за опозицијата, не верува дека има друга политичка партија во земјава која што не ја осудува руската агресија врз Украина вклучувајќи ги тука и ВМРО-ДПМНЕ.

-Јас овој апел не го правам за мене. Апелирам заради интересот за нашето интегрирање во ЕУ. Тие што нема да го прифатат овој повик ќе треба да им одговорат на граѓаните за секој ден одложен од нашето интегрирање за секој ден – не добар стандард, не доволно висок стандард за живот на граѓаните, секој ден и секое дополнително иселување на граѓаните од нашата држава ќе одговараат тие, коишто нема да бидат храбри и да кажат ова е нашата историска шанса да си подадеме рака и уште побрзо да завршиме со овој процес, вели Османи.

Тој потврди дека нема официјално пратена покана до опозицијата за Рамковен договор, туку дека станува збор за апел од МНР како институција, со што се согласува и премиерот.

На прашањето зошто се уште немаме амбасадор во ЕУ, тој истакна дека повторно има пречка во Комисијата за надворешна политика во Собранието, бидејќи амбасадорот којшто треба да замине во Брисел во мисијата на Македонија во ЕУ треба да биде повикан во Комисијата пред да биде пратен.

-Ова е уште една можност јавно да побарам од претседателот на Комисијата за надворешна политика да не ги кочи веќе амбасадорите затоа што во услови кога сме започнале скрининг, кога десетици претставници од различни институции во моментот се во Брисел ние немаме амбасадор заради тоа што тука се води дневна политика.

Така што се надевам дека оваа порака ќе стигне до Комисијата за надворешна политика, доколку не ќе треба повторно да најдеме алтернативен начин, истакна Османи.

Поради постојаното ослободување нови места, бидејќи се враќаат веќе пет-шест амбасадори, од ноември, до март, бројот на празни амбасади веќе се зголемил на 14.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бугарија го забрани отварањето на македонскиот културен клуб „Никола Вапцаров“ во Благоевград

Кој е Виктор Стојанов, кој бара ликвидација на Весна Бендевска

МИА/Фото: МНР

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Енерџи актив“ го доби тендерот на Македонска радиодифузија за набавка на струја вреден 528.000 евра

Редакција

(Галерија) „Technicolor“: Нова капсулна колекција на Росица Мршиќ

Редакција

Љупчо Палевски во Турција доби 40 дена екстрадициски притвор

Редакција