еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за „Титаник“

Во Кривичниот суд денеска треба да продолжи судењето за случајот „Титаник”. Овој судски предмет иако е едно од првите обвиненија поднесени од поранешното Специјално јавно обвинителство (СЈО), се уште е во фаза на доказна постапка.

Обвинението за „Титаник“ го застапува обвинителката Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 90 случаи на Ковид-19, во Скопје 36

Редакција

УНЕСКО бара до 1 февруари да биде изготвен извештај за постапувањата по препораките

Редакција

Институт за филозофија: Потребно е повеќе време и сеопфатна научна анализа за реформите во образованието

Редакција