еМагазин
Image default
Бизнис

Продолжува трендот на пад на приходите на МРТ

И во 2019 година продолжува намалувањето на вкупните приходи на МРТ, стои во анализата на медиумскиот пазар на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

“Тие изнесувале 928,68 милиони денари, што е за 2,24% помалку отколку во претходната година.

Имено, начинот на кој ќе се пресметува износот што секоја година од државниот буџет треба да се префрла на сметката на јавниот сервис за, како што е посочено, „покривање на трошоци за создавање и емитување на програмите и за техничко-технолошки развој“ е утврден во член 105 од ЗАВМУ.

Реализираните вкупни приходи, според податокот од Завршната сметка на Буџетот на РС Македонија во 2018 година изнесувале 188.513,00 милиони денари. Значи, законски утврдениот износ што требало да биде префрлен на сметката на МРТ бил 1.123,50 милиони денари.

96,27% од приходите на МРТ се средствата од државниот буџет наменети за финансирање на радиодифузната дејност. Приходот остварен по овој основ изнесувал 894 милиони денари. Овој износ е за 229,5 милиони денари помал од законски предвидениот.

Од продажба на времето за рекламирање МРТ остварила 12,99 милиони денари. Ова претставува остварување на 99,9% од она што МРТ планирала да го оствари, но истовремено и најнизок износ во периодот од последните 16 години (откако регулаторот ги обезбедува овие податоци).

Во последните години беа направени неколку измени на законските решенија што го уредуваат прашањето за начинот на кој се финансира јавниот сервис, а со некои од нив се предвидоа и одредени ограничувања за рекламирањето на јавниот сервис.

Агенцијата повеќе пати досега посочува дека сериозен проблем е тоа што истовремено не се обезбедија доволно средства од други извори, поточно од државниот буџетот, за јавниот сервис да може во целост да ги исполни своите функции

Другите приходи во износ од 21,69 милиони денари, МРТ ги остварила од закупнини, приходи од услуги во земјата и во странство, останати деловни приходи и друго“, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МРТ лани со загуба од 527,15 милиони денари

ТВ 24 и Наша ТВ лани работеле со загуба

Сител, Канал 5, Алфа и Алсат М лани работеле со добивка, а Телма со загуба

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Распродажба во УЈП: Запленети автомобили и машини по багателни цени

Редакција

(Видео) Почна изградбата на нов далекувод во Овчеполието

Редакција

Струмичка Кланица со ладилник со зголемена добивка во првиот квартал

Редакција