еМагазин
Image default
Бизнис

Зголемени трошоците на МРТ

Вкупните трошоци на МРТ лани изнесувале 1.455,83 милиони денари, што е за 49,93% повеќе од претходната година, стои во анализата на медиумскиот пазар на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

“Зголемувањето на трошоците најмногу се должи на вредносното усогласување на радиодифузната такса, во износ од 703,07 милиони денари. Станува збор за исправка на вредноста на побарувањата по основ на ненаплатена радиодифузна такса.

Зголемување имало и кај трошоците за вработените (за 28,59 милиони денари). Најмногу средства од оваа ставка биле потрошени за плати, односно 97,07% од вкупните трошоци за вработените

За 10,88 милиони денари биле зголемени и останатите трошоци во кои влегуваат трошоците за авторски договори, технички услуги, трошоци за организација и реализација на Евросонг 2019 и јуниорски евросонг 2019 година, за членство на МРТ во меѓународни радиодифузни организации и друго.

Помалку средства биле потрошени само за програмски права (за 9,91 милион денари).

Во 2019 година МРТ инвестирала 46,74 милиони денари за набавка на опрема. Во рамките на овој износ набавена е нова РА и ТВ опрема за надградба на систем за снимање во МРА, опрема за осветлување, камери, стативи, микрофони и друго„, стои во анализата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

МРТ лани со загуба од 527,15 милиони денари

ТВ 24 и Наша ТВ лани работеле со загуба

Колкави приходи и од што оствариле лани Сител, Канал 5, Телма, Алфа и Алсат М

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ги преземаме сите мерки за осигурување на среднорочната ценовна стабилност, вели гувернерката Ангеловска-Бежоска

Редакција

Ќе се либерализира пазарот со природен гас

Редакција

Осигурениците вложиле 81,2 милиони евра во полиси, 15,6 отсто повеќе од лани

Редакција