еМагазин
Image default
Македонија

Продолжуваат судењата за Титаник, Т.Н.Т., несреќатата кај Ласкарци и Маџар Телеком

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска се закажани нови рочишта за предметите Титаник, Т.Н.Т.,  несреќата кај Ласкарци и Маџар Телеком.

Судењето за автобуската несреќа кај Ласкарци на 13 февруари годинава во која загинаа 16 лица се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со сослушување на вшетак од ФЕИТ.

Судскиот процес го води судијката Диана Груевска Илиевска, а застапник на обвинението е јавниот обвинител Дарко Јакимовски.

За автобуската несреќа обвинети се шест лица. Сопственикот на „Дурмо турс“, Дурмиш Белули, одговорниот за транспорт во формата Ремзи Мифтари и возачот на автобусот Маноел Трифуновски се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски за соучество во истото дело.

Судењето за изборни нерегуларности „Титаник“ се наоѓа во доказна постапка и треба да продолжи со сослушување на сведоци, предложени од обвинителството. Предметот го води судијата Осман Шабаниа, а застапник на обвинението е Лиле Стефанова.

Освен поранешниот премиер Никола Груевски, кој е во бегство, во „Титаник“ обвинети се и Кирил Божиновски, Миле Јанакиески, Гордана Јанкулоска, Билјана Бришкоска Бошковски, Илија Димовски, Мунир Пепиќ, Едмонд Темелко, Леко Ристоски, Кирил Тодоровски, Катерина Веловска, Станко Коруновски, Коста Марковски, Драгче Драгчески, Марјан Накевски, Гоце Јаневски, Џезми Ахмет, Роберт Давитков, Далибор Алешковиќ и Ленка Рашјаковска.

Тие се осомничени за злосторничко здружување, повреда на избирачкото право, повреда на слободата на определување на избирачите, поткуп при избори и гласање, уништување изборен материјал и злоупотреба на средства за финансирање изборна кампања.

Случајот го отвори Специјалното јавно обвинителство (СЈО), за потоа да го преземе државното Јавно обвинителатво (ОЈО), а случајот повторно беше распределен на јавната обвинителка Лиле Стефанова.

Случајот против поранешните генерален и финансиски директор на Македонски телеком, Атила Сендреи и Ролф Плат, како и други две лица за злоупотреба на службената положба и склучување фиктивни договори за консултантски услуги со кипарски фирми, „Маџар телеком” го води судијката Ленка Давиткова, а застапник на обвинението е Лиле Стефановска.

Случајот се наоѓа во доказна постапка и се сослушуваат сведоци предложени од одбраната.

Судењето почна во 2011 година, а потоа случајот го презеде СЈО. Сега предметот повторно е вратен на ОЈО.

Покрај Сендреи и Плат, обвинети се и Михаил Кефалојанис и Золтан Кешиус. Се сомничат дека склучувале фиктивни договори за консултантски услуги со кипарската консултантска куќа „Чаптекс холдингс лимитид“ и на тој начин ги оштетиле Македонски телеком и Буџетот на Македонија.

Предметот „ТНТ“ го води судијата Огнен Ставрев, а застапник на обвинението е Бурим Рустеми.

За уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски, меѓу обвинетите се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, како и поранешниот градоначалник на Општина Гази Баба, Тони Трајковски.

Според обвинението, тие во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Повторно раст: Нови 1.396 случаи на Ковид-19 од 11.479 тестирања

Редакција

Четириесет и шест годишна жена од Јажинце почина од корона вирусот, тетовскиот регион со нови 11 случаи

Редакција

Цела Македонија останува во 4 фаза на широко-распространета трансмисија на Ковид-19

Редакција