еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Проект на родителите и децата: Започна уредувањето на дворот на ООУ „Х.Т Карпош“

Стартуваа активностите за целосно уредување на дворот на основното училиште „Христијан Тодоровски – Карпош“, во населбата Карпош 1, информираше Општина Карпош на нивниот Фејсбук-профил.

„Раззеленети и соодветно уредени ќе бидат 1.000 м2 површина од училишниот двор, а активностите треба да завршат до март 2021 година. Проектот го подготвија учениците и родителите, а ќе се реализира со финансиска поддршка од општина Карпош и Министерството за животна средина и просторно планирање.

Имено, локалната самоуправа додели 277.890 денари, а ресорното министерство 200 илјади денари.

Во таа насока, комуналните служби деновиве работат на поставување на системот за наводнување. Предвидено е задниот дел од дворот да биде хортикултурно уреден и облагороден со украсни растенија, и специфична стаклена градина.

Проектот за уредување на дворот носи наслов „Училиштето е место за поттик на младите, за позитивни промени и унапредување на животната средина“.

Основната цел е, при уредувањето да бидат вклучени и најмладите, за да стекнат одговорност кон она што го создаваат. Новоуредениот простор ќе се користи и за едукативни цели и предавања по различни предмети“, велат од Општината.

фото: Фејсбук/Карпош

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Park hotel & spa трета година по ред поддржувач и партнер на најголемиот спортски настан во градот

Редакција

(Фото) Македонија е најпребарувана локација на „Гугл“ , кога станува збор за место кое е поврзано со наградите за Оскар

Редакција

Во Sport Life со недобитните тикети може да добиете милионче

Редакција