Професорот од Машинскиот факултет од Битола, Дејан Трајковски за Канал 5 вели бранот на заразување се намалува, предвидените бројки на почетокот на август до две илјади заразени нема да бидат во овој период благодарејќи на мерката со задолижителен сертификат во затворените простории, каде се намали метежот.
-Максимумот од 22 август кога заразени беа 1.250, остана како ден со највисоки бројки на заразени, вели тој.
Според професорот максимумот на активни случаи ќе биде за три дена кога ќе бидат 15 илјади случаи и на бројот на хоспитализирани со околу 1.300 пациенти.
Смета дека од октомври и ноември ќе има нов бран, но засега е рано да се каже со колкави максимуми, но очекува дека може да бидат со слични бројки како минатиот ноември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Проф.Трајковски: Епидемијата забавува, но стапката на смртност од Ковид-19 останува висока
Фото: Трајковски/Фејсбук