еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

Програма „Јас, Реплек практикант“ – нова можност за зајакнување на работните вештините на младите

Со три награди и едно вработување се заокружи програма наменета за млади „Јас, Реплек практикант“, која за прв пат се организира во компанијата „Реплек“, информираат од компанијата.

Во рамките на оваа програма, студенти од Фармацевтскиот, Економскиот, Факултетот за електротехника и информациски технологии и Природно – математичкиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, ученици од средното училиште „Марија Кири Склодовска“ од Скопје, како и неколку студенти кои студираат во странство, под менторство на искусни експерти од компанијата, се здобија со корисни специфични практични знаења и вештини кои ќе придонесат во нивниот натамошен кариерен и професионален развој.

На настанот со кој се одбележа завршувањето на годинешната програма „Јас, Реплек практикант“, беа доделени награди – ваучери за тројца практиканти чии креативни трудови, изработени во рамките на оваа програма, беа оценети како најдобри.

Покрај тоа, на настанот беше промовирано и првото вработување во компанијата на еден од учесниците во оваа програма, кој веќе е дел од тимот на „Реплек“.

„Зајакнување на практичните вештини и знаења, градење на цврсти врски со образованите институции и отворање на компанијата за млади стручни кадри е наша цел. Тоа беше и мотив за започнување на ваква програма и навистина нѐ радува фактот дека за неа имаше голем интерес кај младите.

Ние и понатаму ќе продолжиме да соработуваме со нашите партнери и ги повикуваме сите млади кои се заинтересирани за овие струки да бидат дел од идните практикантски програми“, истакна Дојранка Анастасовска Цветковска, директор за човечки ресурси на „Реплек“.

Сите сегашни и идни учесници во програмата „Јас, Реплек практикант“ ќе имаат предност за вработување во „Реплек“. На доделувањето на признанијата, покрај практикантите, присуствуваа и претставници на образовните институции со кои „Реплек“ има потпишано и меморандуми за соработка, а планирано е проширување на соработката и со нови партнери.

Програмата „Јас, Реплек практикант“ ќе продолжи да се реализира и во текот на следната година, давајќи им можност на младите да се стекнат со практични и специфични работни вештини, со што компанијата ќе придонесе за подигнување на квалитетот на пазарот на труд и ќе отвори поголеми можности за вработување, велат од компанијата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Филипче: Награда од 30.000 денари за 7.600 вработени во јавното здравство кои работат со ковид пациенти

Редакција

(Фото) Претседателот Пендаровски ја посети Алкалоид

Редакција

Историска средба: Владиката Партениј и монасите и монахињите од Бигорски, Рајчица, Пречиста и Кнежино на средба со Вселенскиот патријарх

Редакција