еМагазин
Image default
Свет

Производителите на вакцини против Ковид-19 ќе ги зголемат цените откако ќе биде прогласен крај на пандемијата

Водечките производители на вакцини имаат намера да ги зголемат своите цени, откако во финансиско – договорена смисла ќе прогласат крај на пандемијата.

Фармацевтските компании што стојат зад некои од најпознатите вакцини преговараа за плановите за зголемување на цените. Така, „Џонсон&Џонсон“, „Модерна“ и „Фајзер“ на инвеститорите им кажаа дека во релативно блиска иднина ќе инсистираат на зголемување на цените по доза вакцина.

На овој чекор тие ќе се одлучат кога ќе прогласат крај на пандемијата, на која некои компании имаат договорно право, пишува Скај Њуз.

Повисоки цени веќе на крајот на оваа година?

Френк Д’Амелио, главен финансиски директор во „Фајзер“, на прес-конференција кажа дека „за фармацевтските компании се отвора можноста кога пандемијата ќе се претвори во епидемија“.

Тој, наводно, кажа дека факторите, како што е потребата за дополнителни вакцини, претставуваат „значајна можност за „Фајзер“ од перспектива на побарувачка и од перспектива на цената“.

„Модерна„ и „Џонсон & Џонсон“ веќе кон крајот на оваа година планираат да воведат „покомерцијални“ цени, а „АстраЗенека“ има право да прогласи крај на пандемијата во јули годинава.

Во случај да го стори тоа, таа веќе нема да биде обврзана со ветувањето за непрофитност што го имаше договорено со Универзитетот во Оксфорд.

„АстраЗенека“ и на крајот на пандемијата

Британскиот производител на лекови „АстраЗенека“ во јуни вети дека нема да заработува на вакцината против Ковид-19 „за време на пандемијата“, но компанијата може да го објави нејзиниот крај во јули 2021 година.

„АстраЗенека“ во јуни минатата година соопшти дека ќе ја понуди својата вакцина по цена на производството, се додека не заврши пандемијата. Од увидот во договорот меѓу „АстраЗенека“ и бразилската компанија за производство на нејзината вакцина, се дефинира дека „пандемискиот период“ завршува на 1 јули 2021 година.

Компанијата има право да го продолжи овој период доколку „со добра волја процени дека пандемијата не е завршена“.

Станува збор за договор меѓу „АстраЗенека“ и „Фиокруз“, бразилска компанија што вети дека ќе произведе најмалку 100 милиони дози од вакцината, во вредност од над 300 милиони долари.

Коментар на „АстраЗенека“

Во соопштението на „АстраЗенека“ се наведува дека развојот на вакцини го третира првенствено како одговор на глобалната пандемија, наместо како можност за заработка.

„Од почетокот, пристапот на „АстраЗенека“ беше да се третира развој на вакцините како одговор на глобалната состојба во јавното здравство, а не како комерцијална можност.

И натаму ние функционираме по тој принцип и затоа и во процесот на прогласување на крајот на пандемијата ние ќе се консултираме со професијата и релевантните глобални организации“, се наведува во соопштението на компанијата.

Марко Кригер, потпретседател за производство и иновации во „Фиокруз“, исто така коментираше за запирањето на заложбата за непрофитно производство.

-Договорот гарантира прекин на непрофитното производство за „АстраЗенека“ или за „Фиокруз“ на 1 јули 2021 година, рече Кригер.

– Како одговор на глобалната ситуација „Фиокруз“ и „АстраЗенека“ потпишаа договор за непрофитно производство до 1 јули 2021 година, односно за време на траењето на договорот.

По тој референтен период „Фиокруз“ ќе има автономија во производството и ќе може да одговори на националните потреби, дури и доколку пандемијата трае подолго отколку што првично се очекуваше, додаде Кригер.

МИА/Фото: Photo by Hakan Nural on Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Несекојдневен настан: Пентагон официјално објави снимки од НЛО

Редакција

Русија го предупреди НАТО дека ќе се соочи со сериозни последици доколку се согласи да испрати мировници во Украина

Редакција

(Видео) Анонимуси хакираа руски телевизии, на Русите им пуштија снимки од руските воени дејствија во Украина

Редакција