еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Русија го предупреди НАТО дека ќе се соочи со сериозни последици доколку се согласи да испрати мировници во Украина

Русија го предупреди НАТО дека ќе се соочи со сериозни последици доколку се согласи да испрати мировници во Украина.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, предупреди дека тоа ќе биде многу непромислена и крајно опасна одлука. Според „Гардијан“, тој рекол дека секој можен контакт меѓу Русите и силите на НАТО може да има последици кои тешко би се поправиле.

Претходно, Полска најави дека официјално ќе испрати предлог за испраќање мировна мисија во Украина на следниот самит на НАТО.

Американскиот претседател Џозеф Бајден отпатува за Европа на вонредниот самит на НАТО што ќе се одржи утре во Брисел.

Ројтерс наведува дека овој предлог денеска го критикувал и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

– Тоа би бил директен конфликт меѓу Русија и вооружените сили на НАТО, кој сите се обидуваат да го избегнат, а тоа не треба да се случи, рече тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Путин најави дека „непријателските земји“, меѓу кои е и Македонија, ќе плаќаат во рубљи за рускиот гас

Лавров: Крајна цел на Западот е заживување на униполарниот свет, САД сакаат да ги нарушат мировните преговори со Украина

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Југославија се собра на Саемот во Белград за вакцинација против Ковид-19

Редакција

Grouper.mk на екс министерката Нина Ангеловска доби нов сопственик

Редакција

Премиерот Оливер Спасовски негативен и на второто тестирање на корона вирусот

Редакција