еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Пролет во февруари, температури до 20 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала, a во југозападните делови со умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -6 до 0, а максималната ќе достигне од 14 до 20 степени.

Во Скопје ќе биде претежно сончево и топло со слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне до 16 степени.

Утре времето ќе биде сончево и топло со дневна температура која на повеќе места ќе биде над просекот за овој период од годината.

Во понеделник ќе има преодно зголемување на облачноста со услови за слаб локален дожд и ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.

Од вторник повторно следува стабилно и потопло време.

Фото: Град Скопје

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До крајот на следната недела се очекува да бидат вакцинирани 500.000 граѓани, што не е доволно, вели Филипче

Редакција

Вакцините како и датумот за ЕУ, никако да стигнат

Редакција

Обвинителство бара притвор за Зоран Милески-Кичеец за сообраќајката во која едно лице почина, а седумина беа повредени

Редакција