еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Вакцините како и датумот за ЕУ, никако да стигнат

И покрај најавата дека денеска во Македонија конечно ќе стигнат првите вакцини за Ковид-19, а граѓаните од вчера веќе почнаа и масовно да се пријавуваат за вакцинација, доцна синоќа од Владата информираа дека поради „технички усогласувања“ вакцините од Србија, кои ги купивме по набавна цена, нема да стигнат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вакцините од Србија нема да стигнат денеска, доставата одложена за следните денови

„Сабина, влада овде. Ќе добиеме ваксајн?: Урнебесни твитови за откажувањето на испораката на вакцини од Србија

За само неколку часа повеќе од 8.000 граѓани се регистрирале за вакцинација

Истите како што информираа од Владата ќе стигнат следните денови, а ситуацијата со стартот на вакцинацијата против Ковид-19 во Македонија, која една од ретките земји во Европа каде што овој процес се уште не започнал, се повеќе заличува на бројните најави дека Македонија ќе добие датум за старт за преговори со Европската Унија (ЕУ), од каде исто така чекаме вакцини, но кога ќе ги добиеме никој незнае.

Вакцини кога сме кај ЕУ не стигнаа и од нашите соседи, Грција и Бугарија, иако доставата на истите беше бомбастично најавувана од властите во името на „доброседството“.

Да, и во ЕУ владее хаос со набавката на вакцините, но од таму барем признаа дека направиле погрешна математика и дека делувале задоцнето, па се извинија.

Како и кога се набавуваат вакцини против Ковид-19 лекција на сите земји во регионов, но и на земјите членки на ЕУ им одржа Србија, каде веќе е во тек и давањето на втората доза на вакцината, а нови дози пристигнуваат во континуетет.

Во Македонија од властите засега нема ни извинување, ни вакцини.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шведска ќе ги ограничи социјалните бенефиции за имигрантите кои не се од Европа

Редакција

Средба Османи-Корчок во Скопје: Словачка недвосмислено, јасно и принципелно ја поддржува Македонија за почеток на преговори

Редакција

Под лупа имотот на Рашковски, еве што пријавил во Антикорупциска

Редакција