Македонија Осигурување АД Скопје – Виена Иншуренс Груп изврши промена на член на органот на управување, информираат од таму преку Македонската берза.
-Поради исполнување на услови за старосна пензија мандатот на Ристо Секуловски, член на Управниот одбор на Друштвото, престана на ден 30.06.2022 година.
Поради престанок на мандатот на Секуловски, Надзорниот одбор на Друштвото пристапи кон избор на нов член на Управниот одбор, при што за член на одборот е избрана Татјана Димов.
Мандатот на Димов започнува по добивање на соодветна согласност од страна на Агенцијата за супервизија на осигурување и по уписот на предметната промена во Трговскиот регистар што се води при Централниот Регистар, информираат од компанијата.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија осигурување Виена иншуренс груп ќе дели дивиденда