еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Австриска бизнис делегација предводена од амбасадорот Памер во посета на Реплек

Запознавање со капацитетите и развојниот потенцијал на компанијата, продлабочување на досегашната соработка и креирање нови можности за бизнис. Ова беа дел од целите за посетата на блиски соработници и пријатели на Република Австрија во Р.С. Македонија, предводени од амбасадорот на Австрија во Скопје Мартин Памер, на Реплек, информираат од таму.

Во рамки на посетата, амбасадорот и бизнисмените од Австрија имаа можност непосредно да се запознаат со дел од производствените капацитети на Реплек, конкретно во сегментот на  производство на лекови, како и со стандардите и строгата контрола на квалитетот кои се применуваат во целокупниот синџир на производството.

„Она што имавме можност да го видиме и да го слушнеме при оваа посета, само ги потврдија нашите претходни сознанија дека Реплек е современа компанија која е посветена и сериозно вложува во својот развој, креирајќи нови можности за луѓето и за нивната добросостојба и давајќи придонес за развојот на заедницата и земјата во целина.

Поради сето ова, јас и мојот тим и понатаму со задоволство ќе ја користиме секоја прилика како што е оваа, да им помогнеме на компаниите како Реплек да ја претстават својата добра работа и да креираат дополнителни можности за соработка и партнерства со компании од Австрија, со што сите заедно ќе придонесеме кон натамошно унапредување на добрите економски релации меѓу нашите две држави и пријателството меѓу нашите народи“, изјави амбасадорот на Австрија во Скопје, Мартин Памер, по обиколката на погонот за производство на лекови и лабораторијата за контрола на квалитет во Реплек.

Во текот на посетата, претставниците на стручно-оперативниот, како и на менаџерскиот тим на Реплек ја искористија можноста да ги претстават најновите технолошки достигнувања во производството на лекови, како и дел од производите од фармацевтската програма на Реплек, кои се помеѓу најпродаваните на пазарите каде што се пласираат.

„Голем дел од моето детство и почетоците во мојата професионална кариера се поврзани токму со Австрија. Тоа ми овозможи добро да се запознам со вредностите и начинот на кој функционира австриското општество и бизнис сектор и тоа знаење да го пренесам и употребам во управувањето со тимот, процесите и развојот на Реплек. Истовремено, австрискиот е еден од таргетираните извозни пазари за нашите производи, којшто има значаен потенцијал и нуди можности за натамошно проширување на нашето присуство.

Оваа посета на реномирани претставници на австриската и македонска бизнис заедница и на неговата екселенција – амбасадорот Памер, е одлична можност да се претставиме во најдобро светло и да ги промовираме нашите вложувања во целокупната модернизација на компанијата кои веќе даваат забележителни резултати во сите сегменти од нашето работење, вклучувајќи го и проширувањето на нашето портфолио на производи“, истакна главниот извршен директор на Реплек АД Скопје, Душан Пецовски, заблагодарувајќи се за посетата на високата делегација од Австрија и можноста да се претстави компанијата и нејзините вредности и квалитети.

Реплек АД Скопје е извозна компанија која 75 % од своето производство во фармацевтскиот сегмент го пласира на над 20 странски пазари, вклучувајќи и земји членки на ЕУ, како и во земјите од Адриа регионот, на Блискиот исток, во Африка, Југоисточна Азија, и на пазарите во ЗНД.

Минатата година компанијата ја заврши со раст на продажбата на домашниот пазар од 37 %, како и со раст на извозот за 43 % во однос на 2022 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бензините и дизелот поскапуваат за 1,5 денари

Редакција

(ВИДЕО) Најмалку 21 загинати во разорен земјотрес во Турција

Редакција

За три дена 159 нови случаи на Ковид-19 од 2.777 тестови

Редакција