еМагазин
Image default
Бизнис

Прометот во индустријата лани зголемен за 12,5%

Прометот во индустријата лани е зголемен за 12,5 проценти во однос на 2017 година, објави Државниот завод за статистика.

Во истиот период прометот во индустријата на домашниот пазар за истиот период бележи зголемување за 1,4 проценти, а на странски пазари за 5,7 проценти.

Според податоците на Државниот завод за статистика, прометот во индустријата на домашниот пазар во декември 2018 година во однос на декември 2017 година е намален за 5,2 отсто.

Бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 проценти, додека опаѓање има кај капитални производи за 38,5 проценти, трајни производи за широка потрошувачка за 0,1 отсто и нетрајни производи за широка потрошувачка за 4,9 проценти.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Расте бројот на должници, покажува новата листа на УЈП

Редакција

Бензините поскапуваат за 2, а дизелот за 0,50 денари

Редакција

Комерцијална банка меѓу најголемите доверители: Каде ќе заврши атрактивниот имот на „Технометал Вардар“?

Редакција