Неколку млади програмери ветија и си останаа на ветувањето дека ќе изработат проект што ќе им помогне да се слушне гласот на текстилните работници.
Сајтот „Гласентекстилец.мк“ кој што го изработија нуди можност за анонимно пријавување на прекршување на правата на работниците, кое се складира и во нивната база, и се препраќа до надлежните институции.
Сајтот нуди можност за статистички преглед на поднесени пријави и инфографици како и контакт информации од сите надлежни инспекторати.
„Со сајтот се надеваме дека ќе го олесниме процесот на поднесување пријави, ќе ги мотивираме работниците да го направат тоа, и ќе ја подигнеме свеста за колкав навистина број на пријави се случува.Секој работник има загарантирани законски права, кои МОРА да се почитуваат“, вели Горјан Јовановски, креаторот и на апликациите „Мој Воздух“ и за пронаѓање на изгубените миленичиња.