Работници во водостопанската подружница „Брегалница“ од Кочани при редовната дневна проверка и рутинско чистење на каналите за наводнување, претпладнево пронашле машки труп во десниот магистрален канал.
Телото било забележано на металната решетка во каналот што се наоѓа во кругот на Територијалната противпожарна единица во Кочани. Притоа е констатирано дека се работи за маж на околу 65-годишна возраст.
За настанот веднаш била известена Полициската станица во Кочани, по што екипа од Одделението за внатрешни работи и јавен обвинител вршат увид на теренот.
Засега не е познат идентитетот на лицето и дали станува збор за несреќен случај.
МИА
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.