еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Бројот на загинати во поплавите во Грција се зголеми на 14

Бројот на загинати во поплавите во Грција предизвикани од невремето „Даниел“ се зголеми на 14 лица, откако денеска беа пронајдени уште две безживотни тела во поплавен дом во село во близина на градот Кардица, а исчезнати се три лица, јави дописничката на МИА од Атина.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека загинатите биле идентификувани и станува збор за 65-годишен маж и 88-годишна жена, кои беа исчезнати.

Најверојатно станува збор за мајка и син.

Во погодените подрачја и денеска продолжува акцијата за спасување и евакуација на граѓаните заглавени во поплавените населени места.

Официјално, за исчезнати се водат три лица, еден сточар и двајца туристи од Австрија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Снимки од дрон ја прикажуваат катастрофата од поплавите во Грција

МИА/Фото: Larissanet OnlineNewspaper

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пораст на цените сред пандемија: Поскапеле маслото, шеќерот, овошјето, зеленчукот, месото…

Редакција

Неготино бара да воведе полициски час за да го спречи ширењето на Ковид-19

Редакција

Мицотакис: Преспанскиот договор е “екстремно проблематичен“ за Грција

Редакција