еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Пронајдено телото на момчето кое завчера се удави во Вардар кај неготинско Пепелиште

Пронајдено е безживотното тело на момчето кое завчера се удави во реката Вардар кај неготинско Пепелиште, за МИА потврди Билјана Филипова, директор на Здравствен дом Неготино.

– Утрово екипата на Брза помош констатира смрт кај момчето. Без знаци за други надворешни повреди, рече Филипова.

Телото било пронајдено во близина на местото кадешто било и давењето.

Завчера околу 16:00 часот во Полициската станица Неготино, З. Ј. (39) пријавил дека неколку малолетници влегле во реката Вардар, при што, еден од нив, малолетник од село Пепелиште, неготинско, не бил виден да излезе од водата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Се уште не е пронајдено момчето кое исчезна во водите на Вардар кај неготинско Пепелиште

Едно момче спасено од давење во Вардар кај неготинско Пепелиште, по друго се трага

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вешти лица од Судска медицина сведочеа за убиството на Денис Тот: Повредите од ударите и падот, причина за смртта

Редакција

ЕК уверува дека работи со „светлосна брзина“ за финализирање на договорот со Фронтекс, кој не е потпишан оти Бугарија ги спореше зборовите “македонски јазик“ во текстот

Редакција

Пронајдено телото на 55-годишната жена која се фрли во Вардар

Редакција