еМагазин
Image default
Бизнис

Просечната плата во февруари 33.720 денари

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава, изнесувала 33.720 денари и во однос на истиот месец лани е поголема за 13 отсто, соопшти Државниот завод за статистика.

Ззголемување се должи, пред сѐ, на растот на просечната нето-плата во секторите: Градежништво (21.3 %), Информации и комуникации (18.5 %) и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (16.5 %).

Намалување, пак, на просечната нето-платапо вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (9.7 %), Рударство и вадење на камен (9.2 %) и Дејности во врска со недвижен имот (6.1 %).

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Макотекс“ оствари добивка од 12,1 милиони денари

Редакција

Колку акции поседуваат во Витаминка кандидатите за членови на Одборот на директори на компанијата

Редакција

Лани изградени 3.916 станови

Редакција