Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во јуни 2020 година, изнесува 26.867 денари, што е зголемување во однос на истиот месец претходната година за 6,6 отсто, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (18.7 %), Рударство и вадење на камен (15.2 %) и Образование (12.6 %).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (14.1 %), Рударство и вадење на камен (6.3 %) и Стручни, научни и технички дејности (4.3 %).
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.