еМагазин
Image default
Македонија

Просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски добивал закани: Ме тераа да молчам за аферата на Тетовскиот Универзитет

Сторијата на fakulteti.mk околу академското унапредување на државни функционери на Државниот Универзитет во Тетово добива многу поголеми размери по писменото обраќање на просветниот инспектор Ѓорѓи Илиевски за нерегуларностите и отворените закани што ги добивал за да молчи за овој случај:

„Не сум изненаден од директорот на Државниот просветен инспекторат, Томе Спироски, и раководителот на Секторот за инспекциски надзор, Африм Саљиу, со ваквото соопштение бидејќи тие ми вршеа притисок со закани да се повлечат записниците и да не се праќаат решенија оти ќе трпам последици ако не ги повлечам записниците и не смеам да пуштам решенија.

Таквите закани беа на одржаниот состанок на 10.05.2019 година во канцеларијата на директорот, каде што беа присутни колегите Предраг, Зоран, Весна, Христина, Даниела, Снежана.

На таквите закани им беше одговорено од моја страна дека јас сум самостоен инспектор и на сето што сум констатирал се потпишувам и стојам зад тие констатирани незаконитости. Им одговорив дека сакам професионално и законито да си ја завршам мојата работна кариера.

А за ваквите закани ќе бидат информирани сите домашни институции, странски амбасади, средствата за јавно информирање, како и Државната комисија за корупција. Тоа и го направив, запознати се сите“, напиша Илиевски.

Целото писмо на fakulteti.mk.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вонредна инспекција на Универзитетот во Тетово: Како владини функционери напредувале во кариерата?

Фото:fakulteti.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сведоштво на Лазаревски во „Таргет-Тврдина“: Размислував како да пријавам за прислушувањето, но знаев дека нема да можам да докажам

Редакција

Сите детали: Најголем дел од новозаболените од коронавирусот се на возраст од 50-59 години

Редакција

Корона вирусот се врати во Дебар, тројца новозаразени

Редакција