еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК

Прв пат денеска Европската Комисија ќе обезбеди превод на македонски јазик на прес-конференција

Презентацијата на редовните извештаи за реформскиот напредок на земјите од Западен Балкан денеска по прв пат ќе добие официјален превод во локалните јазици од регионот, вклучително и македонскиот, јави дописничката на МИА од Брисел.

Еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи, ќе ги презентира извештаите на прес-конференција попладнево околу 16 часот и 30 минути.

Како што информираше Европската Комисија, оваа прес конференција ќе може да биде проследена со превод во секој од јазиците од регионот, вклучително и македонскиот јазик.

Ова е прв пат Европската Комисија да обезбеди превод во други јазици освен официјалните јазици на Европската Унија на редовна прес-конференција. 

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Какви документи и да се појават, ЕУ е против промена на граници велат од Европска комисија

Редакција

Мицотакис: Да не се прескокне редот за ЕУ перспективата на регионот- прв приоритет решение меѓу Бугарија и Македонија

Редакција

Макрон го поздрави гласањето во Собранието на Бугарија и пак не нарече „Северномакедонци“

Редакција