еМагазин
Image default
Македонија

Прв случај на Ковид-19 во општина Маврово и Ростуше

Во најмалата гостиварска општина регистриран е првиот случај на инфициран од Ковид-19. Станува збор за маж, жител на едно од долнореканските села, чии резултати биле стигнати попладнево.

Информацијата ја потврди и градоначалникот на општина Маврово и Ростуше, Медат Куротвски, кој соопшти дека во тек е состанокот на локалниот кризен штаб на кој се разгледува новонастаната ситуација.

Лицето кај кое е откриено присуство на коронавирусот, изминативе денови имал полесни симптоми на болеста и бил лекуван во амбулантата во Ростуше. По позитивниот тест, тој е префрлен на инфективното одделение во гостиварската општа болница.

Здравствените власти наредниве денови ќе работат на епидемиолошки анализи за да откријат како се појавил првиот случај на Ковид-19 во овој регион и дали близината со Дебар и традициите на населението имаат влијание.

МИА

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Корона“ кризата “удири“ на преработувачката индустрија

Почина уште еден пациент заболен од корона вирусот, вкупната бројка изнесува 90

Убава вест: Оздравени уште 20 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка е 1.099

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Вкупно 77: Четворица новопочинати од коронавирусот во Македонија

Редакција

Таравари потврди дека имаат кадар за Министерство за здравство ако влезат во Влада, а шансите биле големи

Редакција

Црвенковски се произнесе за референдумот и го кажа својот став

Редакција