еМагазин
Image default
ТОП СТОРИИ Убава приказна

Првиот македонски крафт џин, освои два златни медали и се вброи во најдобрите шест во светот

На еден од наjпрестижните натпревари за џин во светот „The Gin Guide”, Смидџин, првиот македонски крафт џин, освои две златни медали и се вброи во најдобрите 6 џина во светот, информираат од таму.

Наградите се во две категории, во Категоријата на традиционални џина до 42% алкохол и во Географска категорија, каде има освоено највисоки оцени од сите пријавени од Европа и е прогласен за најдобар џин во Европа.

Вредно е да се спомене дека овој голем успех е постигнат во конкуренција од околу илјада пријавени џина од над триесет земји во светот и за да се постигне бара постојано високи оцени од судиите на неколку слепи дегустации.

„The Gin Guide” e најпознатиот независен водич за џин во светот. Постои од 2014 година, и преставува најголем и најреспектабилен независен водич како за љубителите, така и за производителите на овој пијалок.

Судии се едни од најеминетните мастер дистилери, дегустатори, миксологисти и сл.. Покрај судењето и самиот избор на судиите е доста сложен процес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ноќеска и утре нестабилно со пороен дожд, грмежи и ветер

Редакција

Приведените во „Империја“ донесени на распит пред судија на претходна постапка

Редакција

„Тепачка“ на Твитер дали Вардар треба да добие пари од државата

Редакција