еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Првпат во историјата на Ватикан: Папата именува жена на две високи позиции во дикастерија

Папата Франциск ја именуваше сестра Алесандра Смерили за привремена секретарка на Дикастеријата за промовирање на интегрален човечки развој и како делегат на Комисијата за Ковид-19 во Ватикан, соопшти Светата столица.

Ова е првпат жена да биде назначена за секретар на дикастерија, пишува порталот за вести Ватикан њуз.

Таа доаѓа на местото на монсињор Бруно Мари Даф и отец Аугусто Зампини, кои се вратија во своите епархии.

Смерили служеше како потсекретар во дикастеријата од март 2021 година.

– Благодарна сум на Светиот Отец за тешката задача што ме повика да ја преземам и се молам Господ да ми помогне да го исполнам овој повик во духот на послушност кон Црквата, со смирение, страст, креативност и способност да слушам што се бара, рече Смерили.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанакиески тврди дека е невин за „Топлик“

Редакција

Од Ковид-19 починаа осум лица, дополнително пријавени уште шестмина

Редакција

Како работела ВМРО-ДПМНЕ во 2021: Партијата има долгови постари и од три години

Редакција