еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(ВИДЕО) Путин и Ердоган во Москва постигнаа договор за Идлиб

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и неговиот руски колега Владимир Путин денеска во Москва по повеќечасовни разговори постигнаа договор за решавање на кризата во сириската провинција Идлиб, објави вечерва турскиот весник „Сабах“

– Блиските лични односи меѓу лидерите на Руската Федерација и Турција ни овозможуваат да најдеме заеднички пристапи за решавање на меѓународните проблеми, изјави Путин, цитиран од ТАСС. Тој додаде дека разговорите за Сирија се завршени во позитивна насока.

Путин истакна дека „Русија и Турција најдоа прифатливи решенија за проблемот во сирискиот Идлиб“.

– Москва и Анкара договорија документ за заедничко регулирање на ситуацијата во Сирија, нагласи рускиот претседател.

Тој очекува дека „договорот на руско-турската средба на врвот во Москва треба да стави крај на страдањата на цивилите во Сирија“.

– Преговорите со Ердоган не беа лесни, но завршија позитивно, додаде Путин.

Турската и руската делегација спроведоа дипломатски преговори за потенцијален прекин на огнот во северниот дел на Сирија.

Cumhurbaşkanı Erdoğan, Rusya Devlet Başkanı Putin ile açıklamalarda bulunuyor

Cumhurbaşkanı Erdoğan, Rusya Devlet Başkanı Putin ile açıklamalarda bulunuyor

Posted by T.C. Cumhurbaşkanlığı on Четврток, 05 март 2020

Средбата се одржа во услови на зголемени тензии во северниот дел на Сирија, провинцијата Идлиб. Речиси тричасовната средба меѓу двајцата претседатели беше проследена со состанок меѓу делегациите, што вкупно траеше околу шест часа.

МИА/Фото:Reuters/Sergei Chirikov/Pool/видео: Фејсбук/Ердоган

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Агенцијата за цивилно воздухопловство вработува државни службеници, плата до 117.600 денари

Редакција

Mакедонската craft ракија „Гордион амбер“ на Гевгелиска дестилерија, ќе се дистрибуира преку КОЛА

Редакција

Со лажен сертификат за англиски, кичевец сакал да стане директор на студентски дом во Скопје

Редакција