Рускиот претседател Владимир Путин, по новата ситуација со кризата во Украина, порача дека Русија ќе продолжи без никаков прекин да ги снабдува светските пазари со природен гас.
Редовното непрекинато снабдување со гас на пазарите и корисниците денеска го потврди и рускиот министер за енергетика, Николај Шулгинив на конференцијата на извозници на гас во Доха, Катар.
„Сакаме урамнотежени глобални пазари на гасот“, изјави Шулгинов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руско-украинската криза може да влијае на цената на струјата, вели Бектеши
Ескалацијата на состојбата во Украина ќе удри и по македонскиот џеб
Фото: Руска влада
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.