еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Работник од Албанија починал во Челопек при копање канал, врз него се урнала земја

Тетовската полиција информира дека вчера 54 годишник од Албанија го загубил животот изведувајќи градежни работи. Случајот бил пријавен околу околу 15 часот и 40 минути кога во СВР Тетово се јавиле од тетовската клиничка болница.

-Пријавено е дека во тетовската Клиничка болница без знаци на живот бил донесен Л.Б.(54) од Република Албанија.

Според пријавеното, додека изведувал градежни работи во тетовски Челопек, околу 14 часот и 30 минути врз него се урнала земја во каналoт што го копале. Тој бил извлечен од каналот и пренесен во приватна ординација во селото за укажување на лекарска помош, по што на пат за тетовската Клиничка болница починал.

Јавен обвинител и екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово извршиле увид и врз телото ќе се врши обдукција. Се расчистува и документира случајот, информираше СВР Тетово.

Минатиот месец, на 14 јули градежни работници на 50 и 63 години ги загубија животите додека работеле во тетовска Шипковица. Тогаш настрадаа А.А. (63) од тетовско Селце и Џ.Ц. (50) од Република Албанија.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија 28-ма по извоз на вино во светот, 173-та по увоз

Редакција

Ќе се протне ли Тиранската платформа на „мала врата“ со уставните измени?

Редакција

Амбасадор да може да биде и лице кое има и државјанство на друга држава, предлага група пратеници

Редакција